Македонија

Дигитализација на општините ќе се реализира на три нивоа

08.02.2022 15:18

Тој вели дека сè уште траат истражувањата кои ги прават со УНДП.

Општините во земјава дигитално ќе се развиваат во три нивоа, во зависност од степенот на нивната развиеност, вели министерот за локална самоуправа, Горан Милевски. Тој вели дека сè уште траат истражувањата кои ги прават со УНДП.

Извршната директорка на ЗЕЛС изјави дека тие максимално работат на дигитализација на општините, односно на дигитализација на услугите кон граѓаните.

Зборувајќи за прирачникот „дигитална трансформација кон е-општини“, комуникологот Бојан Кордалов рече дека дигитализацијата ќе биде помош за сите, и за институциите и за граѓаните.

Кордалов заклучи дека само со добри јавни услуги и само со добри сервиси што ги нудат општините може да се врати довербата во институциите.

Катерина Топалова