Протести во Отава
Трудо: Протестите на камионџиите во Канада мора да престанат
09.02.2022 10:27
Возачите бараат укинување на одлуката на сојузната влада за обврската за вакцинација.

Канадскиот премиер Џастин Трудо побара прекин на протестот на камионџии против ограничувањата за ковид-19 што го парализираа главниот град.
„Поединци се обидуваат да ја запрат нашата економија, нашата демократија и секојдневниот живот на граѓаните“, рече тој на вонредната седница на долниот дом на канадскиот парламент.
Возачите бараат укинување на одлуката на сојузната влада за обврската за вакцинација. Протестите започнаа на 28 јануари со блокада на улиците на канадската престолнина Отава.
