Абу Даби
Експлозија на плинска боца во Абу Даби
09.02.2022 10:36
Експлозијата се случила на улицата Хамдам каде се одржува светското клупско првенство во фудбал.

Тимови на цивилната одбрана го изгаснале пожарот кој бил предизвикан од експлозија на плинска боца во зграда во Абу Даби, објави државната агенција.
Во пожарот нема повредени. Експлозијата се случила на улицата Хамдам каде се одржува светското клупско првенство во фудбал.
Агенциите потсетуваат дека движењето Хути изведе неколку напади на Абу Даби и дека неодамна во еден од тие напади загинаа три лица, а шест беа ранети.
Претходно американската амбасада објави предупредување по повод извештај за можен ракетен напад или напад со дрон“.
