Ковид-19
СЗО: Половина милион луѓе го изгубија животот како последица на видот Омикрон
09.02.2022 11:45
Според организацијата „во ерата на ефективни вакцини, оваа бројка е повеќе од трагична“.

Половина милион луѓе во светот починале откако е откриен сојот Омикрон на коронавирус, иако постојат вакцини, велат од СЗО. Според организацијата „во ерата на ефективни вакцини, оваа бројка е повеќе од трагична“.
Светската здравствена организација ги повика богатите земји итно да обезбедат 16 милијарди долари за финансирање на планот за борба против пандемијата на коронавирус.
Денеска во Лион, Франција ќе се одржи заеднички состанок на министрите за надворешни работи и за здравство на Европската Унија со цел натамошен развој на европска здравствена политика.
