Македонија
Расте бројот на компании кои донираат во спортски ваучери
09.02.2022 12:18
Поддршката е од голема важност за спортистите, клубовите, федерациите, велат од Агенцијата за млади и спорт.

Расте бројот на компании коишто ги поддржуваат македонските спортисти и вложуваат во развојот на спортот.
Од Управата за јавни приходи велат дека концептот на ваучер-систем дава резултат, дури и во време на глобална здравствена криза.
Со него е предвидено, на оние компании коишто им даваат пари на спортски субјекти да им се намали данокот на добивка за износот на донираните средства, најмногу до 50 проценти.
Поддршката е од голема важност за спортистите, клубовите, федерациите, велат од Агенцијата за млади и спорт.
Со мерката се поддржани 174 спортисти, 46 федерации и 660 спортски клубови.
Ана Ј. Тодоровска
