Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата, го променија ставот откако се постигна договор
Наместо досегашните 15200 денари, околу 80 илјади работници ќе добиваат плата од 18 илјади денари.

Премиерот Ковачевски со повик до опозицијата да ги поднесе најавените амандмани за законот за минимална плата. Но, шефот на Владата од политичките опоненти побара да одговорат дали тие го блокирале процесот со којшто требаа да се усогласат платите на наставниците.
Ковачевски вели – ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на минималецот, го променија ставот откако постигнавме договор.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека го поддржуваат зголемувањето на минималната плата, но со амандманска интервенција во законот бараат почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места за вработените во јавниот сектор.
Минималната плата се зголеми како резултат на договор постигнат меѓу синдикатот, работодавачите и Владата. Наместо досегашните 15200 денари, околу 80 илјади работници ќе добиваат плата од 18 илјади денари.
Измените во Законот за минимална плата поминаа на владина седница и веќе се доставени во Собранието.
Анита Д. Велковска
