Спасовски: Во две големи акции МВР заплени 1,6 тони наркотична дрога
Македонската полиција само во еден ден заплени 1 тон и 600 килограми наркотична дрога во вредност од 3 милиони и 200 илјади евра, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Дрогата била запленета во две големи акции на МВР на подрачјата на Струмица, Битола и Ресен.

Поради констатирани неправилности во работењето и непријавување на марихуаната на правен субјект од Струмица регистриран за одгледување на канабис за медицински цели, запленета е марихуана во вредност од околу 3 милиони евра, со вкупна тежина од над еден и пол тон, во сув цвет, сув лист и био маса, информираше министерот за внатрешни работи спасовски.
Истовремено полициски службеници на патот Охрид Ресен кај село Јанковец при преглед на патничко возило Шкода Октавија пронашле три торби со марихуана, додаде министерот.
Само во еден ден македонската полиција заплени 1 тон и 600 кг наркотична дрога во вредност од 3 милиони и 200 илјади евра што според министерот е показател дека бескомпромисната борба со криминалот и сузбивањето на шверцот со наркотици продолжува со засилено темпо.
Фиљана Кока
