Македонија

ЕВН одложено ќе ги плаќа сметките за струја за декември и јануари

09.02.2022 14:54

Владата одобри 2,9 милијарди денари за покривање на дупката во касата на ЕСМ и ги задолжи институциите од централната власт во најкус можен рок да ги подмират сметките за струја.

Владата и го продолжи рокот на ЕВН за плаќање на фактурите за декември и јануари кон државната ЕСМ. Откако австријците се пожалија дека имаат нарушена ликвидност и побараа дополнителни шест месеци, од Илинденска број 2 и наложија на ЕСМ да склучи анекс договори за одложено плаќање на фактурите до јули оваа година, со соодветна гаранција.

Владата одобри 2,9 милијарди денари за покривање на дупката во касата на ЕСМ и ги задолжи институциите од централната власт во најкус можен рок да ги подмират сметките за струја.

Претходно ЕВН се пожали дека трошоците им се поголеми од приходите и се доведени во ситуација да ги субвенционираат корисниците, што ги зголемуваат загубите.

Со повисоки сметки се соочуваат и граѓаните кои веќе ги добија новите сметки за електрична енергија зголемени за 9,5 проценти, а од нова година нема ниту евтина дневна струја.

Ирина Гелевска