свет
Иран тестира нова ракета
09.02.2022 15:04
Началникот на иранските вооружени сили изјави дека Иран ќе продолжи да ја развива својата ракетна програма и според квалитетот и според квантитетот.

Иран ја претстави новата ракета со дострел од 1.450 километри. Модифицираниот дизајн за третина ја намалил нејзината тежина во однос на сличните ракети и е за шест пати скратено времето за подготовка за лансирање.
Началникот на иранските вооружени сили изјави дека Иран ќе продолжи да ја развива својата ракетна програма и според квалитетот и според квантитетот.
Презентацијата на ова стратешко оружје доаѓа ден по продолжувањето на преговорите во Виена за спасување на нуклеарниот договор од 2015-та меѓу западот и Техеран.
