Прилепската болница може да остане без мазут за греење
Ваквата незавидна состојба е поради доцнењето на испораката на мазут од добавувачот иако тендерот совреме е распишан.

Прилепската општа болница „Борка Талески“ работи со минимални количества мазут, а просториите ги дозатоплува со грејни тела.
Ваквата незавидна состојба е поради доцнењето на испораката на мазут од добавувачот иако тендерот совреме е распишан, а болницата нема никакви долгови.
Раководството на болницата не сака да навлегува во детали зошто е ваква ситуацијата и ги троши последните количества мазут за загревање. Уверуваат дека 60-тината хоспитализирани пациенти, од кои половината се со ковид во инфективното одделение, се во топли простории, бидејќи се дозагрева со грејни тела. Очекуваат, но сè уште е неизвесно, денеска да се реши ситуацијата и да добијат мазут за загревање.
Прилепската болница дневно троши до 1,2 тона мазут.
