политика

Се интезивира дијалогот на работните групи помеѓу Скопје и Софија

10.02.2022 12:49

Од Скопје и од Софија зависи дали позитивната енергија ќе биде преточена во конструктивен дијалог.

Се интензивира дијалогот меѓу работните групи што беа договорени на крајот на јануари со цел враќање на довербата и надминување на разликите меѓу двете земји. И додека во Софија работните групи ги усогласуваат плановите за инфраструктурата, утре во Скопје пристигнува делегација која на експертско ниво ќе разговараат за политички теми.

Состанокот е согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања меѓу двете министерства за надворешни работи. Од Скопје и од Софија зависи дали позитивната енергија ќе биде преточена во конструктивен дијалог-посочи премиерот Ковачевски

Доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, како на државите, така и на граѓаните, тогаш – вели Ковачевски.

Инаку, состаноците на работните групи меѓу двете земји, ќе продолжат со најавеното темпо – четири пати до пет пати во месецот ќе се среќаваат делегации на двете земји за да разговараат за прашања од инфраструктурата, образованието, културата, евроинтеграциите, историјата. 

Марина Т. Стојанова