Повеќе од 2.500 здравствени установи се на раб на егзистенција
Лекарите од приватното здравство се пожалија дека корона пандемијата им нанела сериозен удар, бидејќи од една страна понеле голем дел од товарот, а од друга страна, матичните лекари наместо да бидат наградувани, биле казнувани.

Повеќе од 2.500 здравствени установи се во егзистенцијална криза, предупреди комората на приватно здравство. Оттаму се пожалија дека матичните лекари за 63 денари во месецот треба да дадат неограничен број услуги, 24 часа, седум дена во неделата. Комората побара да седне на маса со надлежните за да се надмине, како што велат, проблемот со постојаното минимизирање и обезвреднување на трудот на здравствените работници.
И покрај тоа што во пандемијата, граѓаните потрошија милиони евра за приватно тестирање за Ковид-19, од Комората велат дека цените ги диктира пазарот. Оттаму посочија дека од 4.500 приватни здравствени установи, само 10 до 20 прават КОВИД тестови.
Лекарите од приватното здравство се пожалија дека корона пандемијата им нанела сериозен удар, бидејќи од една страна понеле голем дел од товарот, а од друга страна, матичните лекари наместо да бидат наградувани, биле казнувани.
Александра Спировска
