Првиот авион од Софија на скопскиот аеродром слетува утре
Првиот комерцијален лет, би требало се реализира во текот на наредниот месец.

Министрите за транспорт и врски Бочварски и за локална самоуправа Милевски на средба со своите колеги во Софија, како дел од работните групи кои работат на унапредување на односите меѓу двете држави. Учесниците разговараат за теми поврзани со транспортот и инфраструктурната поврзаност меѓу двете земји, енергијата и регионалната политика. Прв конкретен чекор, директната авиолинија Софија-Скопје.
„Ова што го правиме е со цел да ги подобриме комуникациите, врските, поврзувањето помеѓу граѓаните, општините, економиите. Ќе отвориме повеќе можности за граѓаните. А утре се враќаме со авионска линија од Софија до Скопје, каде ќе се разговара на темата за авиопревозот и можностите за идното поврзување со авиолинија Софија Скопје и за уште една трета дестинација. Ова се работи насочени конкретно кон иднината кон подобриот живот на граѓаните за доброто.“
Со првиот лет во Скопје ќе допатуваат и бугарски тур-оператори, кои со своите македонски колеги ќе разменат мислења околу развојот на туризмот во двете држави. Првиот комерцијален лет, би требало се реализира во текот на наредниот месец. Цената на билетите се очекува да бидат околу 50 евра.
Во делот на локалната самоуправа се разговара за аплицирање на македонските општини заедно со бугарските за поголема искористеност на ИПА фондовите – информираше министерот Бочварски. По овие средби, во агендата разговори на експертските групи за политичките прашања, а месецов треба да заседава и мешовитата комисија за историски прашања.
Марина Т. Стојанова
