Ковачевски: Историските прашања ќе ги решава стручната историска фела
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата дека се подготвува за национално предавство во преговорите со Бугарија и дека има индиции дека ќе се откаже и од нашите национални херои.

„Од црвените линии нема отстапување. Дефинираните позиции за македонската засебност и посебниот културно-јазичен идентитет остануваат непроменети“, порача од собраниската говорница, премиерот Ковачевски. Тој, говорејќи за односите со Бугарија, рече дека со премиерот Петков работат на продлабочувањето на добрососедството и на соработката, а историските прашања ги оставаат на стручната фела.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата дека се подготвува за национално предавство во преговорите со Бугарија и дека има индиции дека ќе се откаже и од нашите национални херои.
Од владејачката СДСМ побараа да престанат поделбите на предавници и патриоти зашто тоа не води кон развивање на духот на толеранција и парламентарната демократија.
Во Собранието немаше расправа за поднесената Декларација за Гоце Делчев, затоа што документот сè уште не им бил поделен на пратениците.
Игор Панов
