политика

Мицкоски: Ако јас бев премиер и требаше да го сменам уставот и идентитетот за влез во НАТО и Европската унија, немаше тоа да го направам, бидејќи не сум трговец, а државата и народот си ги сакам

10.02.2022 15:18

Мицкоски со апел – македонскиот народ будно да ги следи случувањата во овој процес, бидејќи работите не се движат кон добро, но среќна околност е што власта нема двотретинско мнозинство во парламентот.

Иако СДСМ убедуваа дека ги решиле сите проблеми со соседите, вистината е спротивна, а за спорот со Бугарија речиси не постои оптимизам за достоен и пропорционален договор, став на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Мицкоски со апел – македонскиот народ будно да ги следи случувањата во овој процес, бидејќи работите не се движат кон добро, но среќна околност е што власта нема двотретинско мнозинство во парламентот.

Од СДСМ со реакција – Мицкоски нема државнички капацитет, а ВМРО ДПМНЕ јавно ја одбија поканата да учествуваат во работните групи со Бугарија и избраа да седат на страна. Според Мицкоски пак, со формирањето на работни групи намерно се одолговлекуваат преговорите со цел купување време за да нема избори годинава. Мицкоски вели – ако јас бев премиер и требаше да го сменам уставот и идентитетот за влез во НАТО и Европската Унија, немаше тоа да го направам, бидејќи не сум трговец, а државата и народот си ги сакам, истакна Мицкоски.

За случувањата на внатрешно политичката сцена пак, Мицкоски вели – Ковачевски се пофали во медиумите дека ми се јавил за лидерска средба, правејќи од тоа циркуска атракција. Додава дека иако патем, средбата уште не е закажана, тој ја прифаќа поканата како што вели преку Ковачевски да разговара со Заев. Откажувањето од пржинската влада од страна на СДСМ Мицкоски го нарече кукавичлук и повторно повика – да одиме на предвремени парламентарни избори.

Марија Котовска