Грипот конечно стивнува

03.04.2014 12:31

Последната недела од сезоната на грип забележано е 41,6% помалу заболени во однос на претходната недела или за половина помалку од лани ова време...

Бројот на заболени постапно опаѓа веќе 5 недели по ред. Сезоната е при крај, велат надлежните, иако има повеќе заболени од просекот за последните 10 години.
 
Последната недела од сезоната на грип забележано е 41,6% помалу заболени во однос на претходната недела или за половина помалку од лани ова време. 
 
Од почетокот на сезоната досега има 28.228 заболени, што е речиси за 60% повеќе  од 10 годишниот просек.
 
Најмногу заболени имаше во февруари, тоа е повеќе од половина од вкупниот број заболени во целата сезона.
 
65%  се на возраст од 15 до 64 години. Досега од последици предизвикани од грипот починаа 12 лица.
 
 
 
Соња Стојановска