Македонија

Пристигна авионот од Софија во Скопје

11.02.2022 10:54

Покрај македонските и бугарските министри за транспорт и за локална самоуправа, во авионот пристигаат и тур-оператори за проширување на туристичката дејност меѓу двете држави.

Првиот авион на новата авиолинија Софија-Скопје слета на скопскиот меѓународен аеродром.

Покрај македонските и бугарските министри за транспорт и за локална самоуправа, во авионот пристигаат и тур-оператори за проширување на туристичката дејност меѓу двете држави.

Со ова е постигнат приоритетот на оваа работна група за транспорт и за авионско поврзување. Денеска треба да продолжат и разговорите на работните групи на експертско ниво од министерствата за надворешни работи за отворените политички прашања.