политика
СДСМ: Скопје е полно со депонии на секој чекор, Данела ништо не сработи во првите 100 дена
11.02.2022 11:01
Наместо да се развива како еколошки и чист град Скопје станува нечист град, полн со депонии.

„Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска не сработи ништо во првите 100 дена од мандатот.
Не само што ги излажа скопјани дека исчистила 150 депонии, туку во секоја општина има нови и нови диви депонии.
Општина Карпош, општина Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, нема дел или општина во Скопје во која нема дива депонија.
Наместо да се развива како еколошки и чист град Скопје станува нечист град, полн со депонии.
Тоа што Арсовска не може да ги исчисти депониите доволно говори за нејзината неспособност.
Во првите сто дена од мандатот на Арсовска едно е јасно, таа е најслабиот градоначалник што досега го имало Скопје“, велат од СДСМ.
