Македонија
Јанкулоска,Протуѓер и Јанакиески признаа вина за „Титаник“
11.02.2022 12:39
Јанакиески и Протуѓер не признаа вина во делот на злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Обвинетите во случајот „Титаник“, што се однесува за злосторничко здружување и со изборни злоупотреби, Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер, Миле Јанакиески, Мунир Пепиќ и уште четворица, на денешното судско рочиште признале вина.
Судењето почна одново поради смена на поротник, па овие осуммина обвинети ја искористија можноста да се изјаснат како виновни и да им се извинат на сите што се почувствувале навредени во бомбите.
Јанакиески и Протуѓер не признаа вина во делот на злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. Првообвинет во овој случај е поранешниот премиер Никола Груевски.
