САД

Највисок скок на инфлацијата од 1982 година

11.02.2022 14:01

Според експертите, нема знаци дека инфлацијата наскоро значително ќе успори.

Инфлацијата во САД на рекордно ниво. Потрошувачките цени пораснале за 7,5 насто во јануари во однос на истиот месец пред една година, што е највисокиот годишен скок во изминатите 40 години во земјата.

Новото забрзување на растот на цените е пред сè на зголемувањето на цените на храната, струјата и станувањето. Според експертите, нема знаци дека инфлацијата наскоро значително ќе успори.

Повеќето фактори кои придонеле на порастот на цените од минатата пролет и понатаму се присутни, а платите растат со најбрзо темпо во последните 20 години, со пад на нивната вредност од 0,6 насто.