„Мал убод, голема закана“спречување на болести што се пренесуваат преку вектор
Мото на Светската здравствена организација за Светскиот ден на здравјето

Повеќе од половина од светската популација е во опасност од болести како маларија, денга, лајшманијаза, Лајмска болест, шистозомијаза и жолтата треска што ја пренесуваат комарци, муви, крлежи, водни полжави и други вектори. Секоја година, повеќе од една милијарда луѓе се заразени, а повеќе од еден милион умираат од болести прeнесени преку вектор.
На годинашниотсветски Ден на здравјето, 7 април, СЗО ги истакнува сериозноста и зголемувањето на заканата од болести што се пренесуваат преку вектори со слоганот „Мал убод, голема закана“.
Организацијата, истотака, нагласувадекаовиеболестисе превенираат.Новообјавениотглобаленкратокизвештајзаболестиштосепренесуваатпрекувекторипотенцира чекориштовладите, општините и семејстватаможатдагипрезематзадасезаштитатлуѓетоодинфекција.
„Глобална здравствена агенда која дава повисок приоритет на контролата на векторите може да спаси многу животи и да спречи многу страдање. Едноставнии ефективни интервенции како заштитни мрежи за кревет, третирањесо инсектици и прскање во затворени простории, веќе спаси милиони животи“, вели д-р Маргарет Чан, генерален директор на СЗО.
Болеститешто се пренесуваат преку вектор го напаѓаат најсиромашното население, особено луѓето што немаат соодветно живеалиште, безбедна вода за пиење и санитарни услови. Недоволно исхранетите луѓе и оние со заслабен имунитет се особено подложни.
Шистозомијазата што ја пренесуваат водните полжави е најзастапена од болестите што се пренесуваат преку вектор на која се изложениречиси 240 милиони луѓе низ целиот свет.
Деца кои живеат и играат во близина наинфицирани води се особено ранливи на оваа болест која предизвикува анемија и намалена способност за учење. Шистозомијазата може да се контролира преку редовни масовни третмани на ризичнитегрупи со безбедни, ефикасни лекови, како и со подобрување на пристапот до безбедна вода за пиење и санитарни услови.
Во последните две децении, многу важни болести што се пренесуваат преку вектор повторно се појавија или се раширијаво нови делови од светот. Промените на животната средина, масовното зголемување на меѓународни патувања и трговија, промените во земјоделските практики и брзата непланирана урбанизација предизвикуваат зголемување на бројот и ширењето на многу вектори низ светот, создавајќи нови групи луѓе, особено туристи и деловни патници во ранливи категории.
Комарецот- носител на денга, на пример, сега е најден во 100 земји, изложувајќи повеќе од 2,5 милијарди луѓе(повеќе од 40 % од светското население) на ризик. Денга неодамна беше регистрирана во Кина, Португалија и во државата Флорида во Соединетите Американски Држави.
Според извештаите од Грција, маларијата се вратила за првпат по 40 години, со намалувањето на средствата за програмитезапрскање.
„Контролата на векторите останува најважната алатка во спречувањето на појавата на болести што се пренесуваат преку вектори ", вели д-р Лоренцо Савиоли, директор на Одделот за контрола на запоставени тропски болести при СЗО. "Потребно е да се зголемат средствата, но и да има политички заложби за одржување наалатките за постојана контрола на векторите, како и лекови и дијагностички алатки испроведување на потребни истражувања“.
На Светскиот ден на здравјето 2014 година, СЗО повикува одново да се сврти вниманието на векторската контрола и на подобро обезбедување безбедна вода, канализација и хигиена.Тие се клучни стратегии на СЗО наведени во планот на активности за контрола, елиминација и ерадикација на запоставени тропски болести, поставени во целите за периодот 2012-2020.
Соња Стојановска
