Снабдувањето со електрична енергија во Скопје се нормализира
Пожар кај трафостаницата Скопје 4 во скопската населба Пинтија, ја остави македонската метропола половина час во мрак. Огнот беше изгаснат, а снабдувањето на градот со електрична енергија набрзо се нормализира. Во инцидентот нема повредени…

Пожарот близу трафостаницата во скопска Пинтија е навремено и целосно локализиран, а снабдувањето со електрична енергија се нормализира. Пожарот предизвикал оштетувања на високонапонската инсталација, поради што речиси цело Скопје потона во мрак.
Во пожарот за среќа нема човечки жртви, информира градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, кој се заблагодари за навремената реакција на пожарникарите и припадниците на Министерството за внатрешни работи.
Од МЕПСО информираа дека причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е испад на далновод од трафостаницата Скопје 4 кон трафостаницата Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстrанување, а можни се краткотрајни прекини на снабдувањето со електрична енергија.
Марија Котовска
