Ковид-19

Почнува скрининг- тестирањето за проценка на имунитетот на населението

14.02.2022 10:27

Тестирањето се планира да се прави на примерок од илјада испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја.

Се најавува почеток на скрининг- тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на Сарс-Ков2 вирусот има населението во земјава. Тестирањето се планира да се прави на примерок од илјада испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја.

Во последната ковид- статистика се регистрирани 920 заразени со коронавирусот. 27,5 проценти од направените тестови биле со позитивен резултат. Околу 120 случаи се реинфекции. Оздравеле илјада 190 пациенти, а починале 11 лица, половината од Скопје. Шестина биле целосно вакцинирани, деветмина имале коморбидитети.

Во моментов во земјава има околу 11 илјади активни случаи.