МВР: Во Македонија се шири нова и опасна дрога

03.04.2014 13:04

Оваа дрога во нарко круговите е позната под неколку различни имиња како „bath salts”, „Blow”, „research chemicals”, „Explosion” и други...

Нова дрога која што за прв пат е пронајдена и воопшто регистрирана во Република Македонија, соопштуваат од МВР. Корисници на оваа дрога се откриени во Битола. Оваа дрога во нарко круговите е позната под неколку различни имиња како „bath salts”, „Blow”, „research chemicals”, „Explosion” и други.

Карактеристично за оваа дрога е што станува збор за стимуланс на централниот нервен систем, сличен на кокаинот и амфетамините. Тоа што треба да ги загрижи граѓаните и ризичната популација е фактот дека оваа дрога и дополнителните дејствија од неа во последните години се причина за смрт на 99 лица во земјите членки на Европската Унија. Хемиското име на дрогата е метил-ендиокси-пировалерон или скратено МДПВ.

„Во сите случаи кога лицата конзумирале МДПВ , општа карактеристика е дека се агресивни, со неконтролирани движења, хипер активни, а две под дејство дрогата извршиле и разбојништва“, стои во соопштението на МВР.

Бидејќи новата супстанција била непозната, а лицата кај кои е пронајдена при давањето на исказ тврделе дека не е дрога и кај нас не е забранета, веднаш МВР веднаш го извести Министерството за здраство, односно Секторот за Контролирани супстанции и од таму повратно информираа дека се работи за нова дрога на пазарот, која е синтетичка верзија на кокаин. Од МВР велат дека сега, откако е откриена оваа нова дрога,  ќе се прошират и дополнат листите за класификација на супстанции.

„Веднаш по утврдувањето за што станува збор се состана меѓуресорската комисија и со одлука ја забрани оваа супстанција, односно во Службен Весник бр. 56 од 27.03.2104 година, таа е внесена во прва категорија на опојни дроги. Освен оваа супстанција во дополнетата класификација се внесени и 14 други нови наркотици и нивните мешавини. Меѓу нив има дроги што предизвикуваат психоделични ефекти, аналгетици со 80% од моќноста на морфинот, аноректични дроги, односно супресанти на апетитот кои предизвикуваат параноја, халуцинации, анксиозност и депресија, деривати на амфетамини и други“, соопштуваат од МВР.

Податоцвите велат дека од 2005 година до сега на ниво на Европската Унија се пријавени дури 300 нови видови на наркотици.