Канада

Деблокиран мостот Амбасадор меѓу Канада и САД

14.02.2022 10:32

Вашингтон изврши притисок врз канадската влада, барајќи од неа да ги искористи „федералните овластувања“ за да ја прекине блокадата.

Мостот „Амбасадор“, клучна гранична точка меѓу Канада и САД, кој седум дена беше блокиран од демонстрантите против мерките воведени против коронавирусот, повторно е отворен за сообраќај од вчеравечер.

Вашингтон изврши притисок врз канадската влада, барајќи од неа да ги искористи „федералните овластувања“ за да ја прекине блокадата, што има сериозни последици за американската економија. Протестите од Канада се проширија и во ЕУ. Неколкумина се уапсени