Ерусалим
Немири во Ерусалим
14.02.2022 10:43
Нередите избија во Шеик Џарах меѓу Палестинците и ултранационалистичките Евреи.

Четиринаесет палестинци се повредени во немирите во Источен Ерусалим, по интервенцијата на полицијата. Нередите избија во Шеик Џарах меѓу Палестинците и ултранационалистичките Евреи.
Полицијата доцна синоќа со вода ги растера насобраните за да ги смири немирите.
Заканите од еврејските доселеници за иселување на палестинците од Шеик Џарах и другите населби предизвикаа протести и судири минатата година кои на крајот доведоа до единаесетдневна војна меѓу израелската војска и исламскиот екстремистички Хамас, кој е на власт во појасот Газа.
