Глобално затоплување

ОН: Моменталното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години

14.02.2022 10:51

Според генералниот секретар на Светската метеоролошка организација настаните во последните 100 години се единствени.

Глобалното затоплување, кое се забележува сега, е најсилното во последните 200 илјади години, велат од Обединетите нации.

Според генералниот секретар на Светската метеоролошка организација настаните во последните 100 години се единствени.

Користењето на фосилните ресурси на планетата – нафтата и гасот доведе до зголемени емисии на јаглерод диоксид во атмосферата, како што се стакленички гасови кои ја зголемуваат температурата во долниот дел од атмосферата. Толку многу затоплување немало во последните 200 илјади години