Финансии

Се прават анализи за зголемување на пензиите

14.02.2022 12:20

Работиме на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите бидејќи пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Се прават анализи за зголемување на пензиите- соопшти денеска од Росоман премиерот Димитар Ковачевски. Најави финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза.

Работиме на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите бидејќи пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски го оценува како паушален, затоа што, како што изјави, не се базира на никакви анализи и методологија.