Герасимовски со отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот
Градоначалникот тврди дека не се толерира никаква отстапка од законските прописи.

Во првите 100 дена од мандатот фокусот беше ставен на клучните проблеми на граѓаните, рече градоначалникот на Центар, Герасимовски. Во делот на урбанизмот, извршени се неколку инспекциски надзори на Водно на новите градби и будно се следи состојбата.
Градоначалникот тврди дека не се толерира никаква отстапка од законските прописи. На Кале е отстранет нелегално изграден објект на непознат инвеститор, а досега општината дала две градежни дозволи и работи на носење на нови урбанистички планови.
За „Холидеј Ин“, сè уште нема доставено барање за градежна дозвола за останатите две згради. Градоначалникот на Центар наброја дел од реализираните проекти во изминатите 100 дена – отпочнување постапки за нова комунална дејност во Јавното претпријатие паркинзи на Општина Центар, чистење на училиштата, реконструирани улици, поставување нова водоводна мрежа, обновени кровни конструкции, санација на лифтови.
Бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ низ целата општина на лицата со оштетен слух, отворен пензионерски клуб за пензионерите.
Ана Ј. Тодоровска
