Се бара начин како наставниците да добијат повисоки плати
СОНК и Министерството за образование и наука неделава на нов состанок ќе бараат начин како наставниците да добијат повисоки плати. Министерот Шаќири е оптимист, очекува финален договор до март. ВМРО- ДПМНЕ со предлог- закон во Собранието за зголемување на примањата на просветните работници...

МОН и СОНК неделава на нов состанок ќе бараат начин како наставниците да добијат повисоки плати, откако Синдикатот за образование се закани со штрајк, доколку не дојде до усогласување по последното покачување на минималецот. Министерот Шаќири е оптимист, не верува дека ќе дојде до штрајк. Вели-се разгледуваат сите можности, а до март очекува финален договор.
За да се обезбеди квалитет во образованието и да се мотивира кадарот, ВМРО-ДПМНЕ побара наставниците да добијат повисоки плати. Пратеничката група во Собранието поднесе предлог-закон по скратена постапка.
По покачувањето на минималната плата и од Конфедерацијата на синдикати и Синдикатот на УПОЗ побараа усогласување на другите плати.
Викторија Милевска
