Здравство

Од денеска скрининг на населението, ќе се проверува имунитетот против Ковид-19

14.02.2022 12:33

Планирано е тестирањето да се направи на примерок од илјада испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.

Од денес почнува скринингот по случаен избор со кој треба да се утврди колкав процент од населението по природен пат се стекнало со имунитет кон коронавирусот. Планирано е тестирањето да се направи на примерок од илјада испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.

Според здравствените власти, процентот на вакцинирани сè уште е незадоволителен. Само нешто над 40 проценти од граѓаните примиле две дози.

Во претстојниов период, фокусот ќе биде на постарите од 50 години и на оние коишто имаат една од петте дијагнози коишто се сметаат за ризична придружна болест при заболување со Ковид-19.