Израелски откупно-дистрибутивен центар во Негорци

03.04.2014 13:31

Претставниците на израелската компанија „Бен Дор“, заинтересирана да откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Гевгелија, на средбата со градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов и гевгелиските производители на зеленчук и овошје доби и конкретна понуда за локација. Станува збор за Агроберзата кај Негорци, каде штосе веќе продадени две парцели. Инаку, во првата фаза компанијата „Бен Дор“ планира да почне со логистички центри за да се испитаат можностите и пазарот со цел да се утврди најдобриот модел и потенцијалните пазари.

Претставниците на израелската компанија „Бен Дор“, заинтересирана да откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Гевгелија, на средбата со градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов и гевгелиските производители на зеленчук и овошје доби и конкретна понуда за локација. Станува збор за Агроберзата кај Негорци, каде штосе веќе продадени две парцели. Инаку, во првата фаза компанијата „Бен Дор“ планира да почне со логистички центри за да се испитаат можностите и пазарот со цел да се утврди најдобриот модел и потенцијалните пазари. По ова би продолжиле со сопствено производство на единствени сорти на овошје како сливи, круши, кајсии, јаболка и праски, со што компанијата би понудила 10 илјади тони овошје годишно. Компанијата има меѓународни стандарди за квалитет, а ги снабдува познатите продажни синџири „Маркс и Спенсер“,„Сенсбури“.„Пик`н`пеј“,„Теско“ и други низ светот. Според најавите од израелската компанија во Гевгелија, најпрвин би отвориле центар за пакување во соработка со постојните производители во државата. Во втората фаза би сеорганизирало и  производство на овошје и зеленчук одзаинтересирани производители.