Ковачевски: Единството на државата се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации
ВМРО-ДПМНЕ со поднесувањето еднострани декларации единствено го попречува процесот на разговори кои во Парламентот се водат во духот на европските вредности, смета премиерот Ковачевски...

Единството се прави во законодавниот дом, вели премиерот Ковачевски. Додава дека ВМРО-ДПМНЕ со поднесувањето еднострани декларации единствено го попречува процесот на разговори кои во Парламентот се водат во духот на европските вредности.
ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период единствено нешто што прави е креирање хистерија во однос на разговорите што се водат со Бугарија, исто така во рамки на подготовките за работните групи што ги формиравме со бугарскиот премиер и членовите на нивната Влада заедно со нашата Влада ние упативме покана и до опозицијата, при што таа беше одбиена, изјави денес премиерот Ковачевски.
Додаде дека единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, што претставува дом на сите граѓани, што се застапени од пратениците, и доколку ВМРО-ДПМНЕ мисли дека со еднострани декларации со што единствено се попречува процесот на разговори, што се водат во духот на европски вредности, и на задржување на достоинството на сите граѓани, дека ќе помогне, тие го прават токму спротивното.
За тоа кога ќе се сретне со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, како што најави при преземањето на премиерската функција, Ковачевски вели дека таа средба ќе се случи и јавноста ќе биде навремено информирана.
