МЕПСО детално ќе испитува како се случил дефектот
Орхан Муретзани информира дека вчерашниот прекин со напојувањето на електричната енергија беше поради дефект на излаторската верига, при што беше исклучен прекинувач во трафостаницата Скопје 4 во Пинтија.

МЕПСО формира работна група која детално треба да испита како се случил дефектот и да изготви извештај. Генералниот директор Орхан Муретзани информира дека вчерашниот прекин со напојувањето на електричната енергија беше поради дефект на излаторската верига, при што беше исклучен прекинувач во трафостаницата Скопје 4 во Пинтија.
Истовремено, реагирала и заштитата на трансформаторите од кои се напојуваат сите трансформаторски станици во Скопје. Заштитата на трансформаторите, како најскап елемент на трафостаницата, е осетлива и таа всушност ги штити трансформаторите од оштетувања од надворешни куси врски, се вели во соопштението на Муртезани.
Додава и дека за да се прекине струјата на куса врска, треба да се прекине напојувањето, со помош на прекинувачи и кога има таква состојба, ако на некое место има слабост, влага, магла или пареа од загревање, може да се пробие воздушната изолација и да настане прескок кон земја, што е и најверојатна причина за опожарената сува вегетација.
