Се празнува денот на вљубените, подароците со повисоки цени
По примерот на традицијата во светот, денот на вљубените Свети Валентин се прославува и кај нас. Чоколада, кадифени мечиња, но и вино, вљубените со подароци го одбележуваат денешниот празник на љубовта...

Свети Валентин одамна е одомаќинет и кај нас. На денот на вљубените им се подаруваат подароци на саканите. Некои по првпат имаат на кого да подарат, некои си купуваат за најблиските, а некој слави и роденден.
„Прв пат славам со девојка, па планирам да купам подарок“, вели едно момче.
Цвеќиња, мечиња, чоколада и вино се поскапи за годинешниот ден на вљубените. Трговците велат дека повисоките цени се поради зголемените трошоци.
„Луѓето не се движат, атмосферата, расположението на луѓето е такво. Пандемијата го зема својот данок, сите сме депресивни, исплашени. Допрва ќе го чувствуваме влијанието на пандемијата. Оваа година разликата е драстична“, вели една продавачка на цвеќе.
Празникот што традиционално се обележува во САД е ден за поголеми нарачки на цвеќе, чоколада. И покрај пандемијата и економската криза, заљубените сакаат да им подарат нешто на саканите.
„Многу размислувавме што значи љубовта во изминатите две години. успеавме да се собереме да прославиме со членовите на семејството или пријателите“.
„Бевме загрижени за нарачките за престојниот празник, но за среќа навреме сме подготвени за клиентите“.
Свети Валентин бил заштитник на вљубените, но оттогаш важи и пораката дека љубов не треба да се дарува само на овој ден, туку преку целата година.
Ирина Гелевска
