Средба на министерот Спасовски со директорот на Регионалниот Центар МАРРИ
Директорот на МАРРИ, Коцев на средбата ја искористи можноста да го брифира министерот Спасовски за тековните активности кои се одвиваат во рамки на македонското претседателство со МАРРИ.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со Сашко Коцев, директор на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци – Регионален Центар МАРРИ во Скопје. На средбата од двете страни беше потврдена долгогодишната успешна соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и МАРРИ Регионалниот Центар во Скопје, а од страна на директорот Коцев беше изразена благодарноста до министерот за континуираната поддршката кон МАРРИ иницијативата.
Директорот на МАРРИ, Коцев на средбата ја искористи можноста да го брифира министерот Спасовски за тековните активности кои се одвиваат во рамки на македонското претседателство со МАРРИ и приоритетите кои се во план да се реализираат.
Министерот Спасовски изрази задоволство од тоа што Република Северна Македонија преку МАРРИ Регионалниот Центар прераснува во вистинска контакт точка за регионот на Западен Балкан за областите коишто ги опфаќа мандатот на самата Иницијатива, со уверување дека поддршката што Министерството за внатрешни работи му ја дава на овој Центар ќе продолжи и во иднина.
