Ковачевски не гледа искрени намери во повикот на Мицкоски
Премиерот не гледа искрени намери во повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за национално обединување. „Единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации“- вели Ковачевски. Според Мицкоски, поделбите треба да завршат и не смее да има разлики за националните интереси...

Националното обединување за кое зборува Мицкоски не е искрено бидејќи ВМРО-ДПМНЕ креира хистерија во однос на разговорите со Бугарија- коментира премиерот Димитар Ковачевски. Смета дека парламентот е местото каде треба да се презентира единство.
Поделбите завршија, напуштете ги политиките на заевизмот кои беа со криминал и корупција реплицира лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Може да се разликуваме во однос на идеите за земјоделство, образование, здравство, но не смее да имаме разлики за националните интереси порача Мицкоски.
Разликите меѓу власта и опозицијата ги има и за зголемувањето на пензиите, за работата на градоначалниците. Засега првите луѓе на двете најголеми партии не седнуваат на заедничка маса. Лидерска средба сè уште не е закажана.
Миле Ристески
