Работна група детално го испитува прекинот на електричната енергија
Работна група утврдува како се случил испадот на далноводот и пожарот во трафостаницата што го остави Скопје и делови од други градови без струја. Првиот човек на МЕПСО, Муртезани вели – исклучена е можноста причината да е човечки фактор …
Работна група на МЕПСО детално го испитува прекинот на електрична енергија во половина Скопје и делови од други градови. Причините допрва ќе се утврдуваат, МВР ги скенира и безбедносните камери. Првиот човек на МЕПСО вели- исклучена е можноста човечки фактор да е причина. Според Муртезани, испадот на далноводот и пожарот во близна на трафостаницата во Пинтија се причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија .
Муретзани вели дека со ваков дефект се соочувале и порано, а за да не настане поголема хаварија неопходно било да се исклучи напојувањето на електричната енергија од страна на екипите за да може да интервенира и Противпожарната бригда во гаснење на пожарот .
Екипата на Македонската телевизија ја посети скопска Пинтија кај трафостаницата Скопје 4, каде вчера доцна попладне избувна пожар по кој речиси целиот главен град потона во мрак. Во пожарот, кој беше навремено локализиран, нема повредени ниту човечки жртви.
Од МЕПСО велат дека изминатите две години се правела реконструкција на трафостаницата со замена на високонапонска опрема и нова заштита која е поосетлива. Според надлежните, ова е тест за нејзино брзо реагирање.
Состојбата со снабдување со електрична енергија во државава сега е стабилна.
Марија Котовска
