Свет

Загинати и повредени во експлозија во Франција

14.02.2022 16:00

Евакуирани се 25 лица. По експлозијата следел пожар кој се проширил на соседните згради.

Повеќемина загинати и пворедени во експлозија во зграда во гратче во Франција. Евакуирани се 25 лица. По експлозијата следел пожар кој се проширил на соседните згради.

Според информациите експлозијата се случила во приземјето на зградата, во продавница за храна. Во близина на зградата биле пронајдени боци со плин, но не е јасно дали тие биле причина за експлозијата.