465 нови случаи со Ковид-19, починати 20 лица во последното деноноќие
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, а бројот на активни случаи изнесува 9.699.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.707 тестови, а регистрирани се 465 нови случаи на Ковид- 19 во Скопје – 341, Кавадарци – 21, Струмица – 19, Штип – 15, Куманово – 13, Охрид – 11, Прилеп – 6, Гостивар – 5, Велес, Струга и Гевгелија по – 4, Битола, Тетово, Крива Паланка и Богданци по – 3, Кичево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по -1.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 92 реинфекции. Регистрирани сe и 1.880 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 6 починати лица од Скопје (70г, 71г, 75г, 80г, 83г и 95г), по две починати лица од Кочани (60г и 75г), Неготино (78г и88г), Прилеп (72г и 77г) и по едно од Велес (78г), Кичево (66г), Куманово (83г), Охрид (93г), Свети Николе (80г), Струга (80г), Струмица (76г) и Штип (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Ресен (72г), починато во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, а бројот на активни случаи изнесува 9.699.
Досега во земјата се направени вкупно 1.847.971 тестирања на Ковид-19.
