Политика

Средба Маричиќ- Река

14.02.2022 16:49

Како што соопштија од СЕП, Маричиќ и Река разговараа за можното заедничко отпочнување на пристапните преговори со Унијата, со што двете соседски земји ќе имаат можност да остварат и потесна соработка за размена на искуства и заемна поддршка во целокупниот процес на преговори со ЕУ...

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Фатос Река.

Како што соопштија од СЕП, Маричиќ и Река разговараа за можното заедничко отпочнување на пристапните преговори со Унијата, со што двете соседски земји ќе имаат можност да остварат и потесна соработка за размена на искуства и заемна поддршка во целокупниот процес на преговори со ЕУ. Амбасадорот Река ја потврди поддршката од страна на Албанија за надминување на отворените прашања со соседна Бугарија со цел забрзување а процесот.

На средбата беше истакнато значењето на тековните иницијативи во кои заедно учествуваат Северна Македонија и Албанија, односно Отворен Балкан и паралелно и Берлинскиот процес. Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот Река посочија дека интензивирањето на билатералната соработка и на политичко и на економско ниво е од клучно значење во претстојниот период. Воедно ги поздравија иницијативите за реализација на заеднички инфраструктурни проекти чие спроведување ќе придонесе во приближувањето на земјите, односно скратување на времето на патување и олеснување на трговската размена, како во рамки на проектите за прекугранична соработка со европска поддршка, така и со заеднички проекти помеѓу двете влади.