100% смртност кај домашните свињи
Инспекторите на агенцијата за храна и ветеринарство досега пронашле и отстраниле триесетина необележани свињи. Акцијата и проверките се прават поради зголемената трговија со животни за новогодишните празници и спречување на можната евентуална појава на добиточната болест африканска свинска чума која кај нас ја нема, но превентивно се преземаат заштитни мерки.

Засилени контроли на добиточните пазари. Инспекторите на агенцијата за храна и ветеринарство досега пронашле и отстраниле триесетина необележани свињи. Акцијата и проверките се прават поради зголемената трговија со животни за новогодишните празници и спречување на можната евентуална појава на добиточната болест африканска свинска чума која кај нас ја нема, но превентивно се преземаат заштитни мерки.
Од неа заболуваат домашните и дивите свињи, не е опасна за човекот, но предизвикува големи економски загуби. Се пренесува и шири преку директен контакт меѓу животните, или преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека. Смртноста кај домашните свињи може да достигне и до 100 проценти.
За секое движење надвор од фармите или транспорт, животните треба да имаат валиден сертификат за нивната здравствена состојба. Строго е забрането и продавањето на животни надвор од добиточните пазари.
Методија Трајков
