И натаму црни статистики, битката со ковид ја загубија 20 лица
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, активни случаи има 9.699.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.707 тестови, а регистрирани се 465 нови случаи на ковид-19.
Оздравени се 1.880 пациенти Битката со ковид ја загубиле 20 пациенти. Од пријавените сите се починати во болнички услови. Согласно регистарот од мој термин, дополнително е пријавено едно лице од Ресен починато во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.847.971 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, активни случаи има 9.699.
