Канада

Премиерот Трудо донесе закон за итни случаи

15.02.2022 09:18

Законот значи и воведување вонредна состојба.

Канадскиот премиер Трудо објави дека го донел законот за итни случаи, со кој за прв пат во канадската историја се воведува вонредна состојба за протестите против вакцините.

Законот и дава на полицијата повеќе алатки за да го врати редот во незаконските и опасни активности како што се блокадите и окупациите, а ја овластува и владата да ги идентификува и обезбеди критичните области како што се граничните премини и аеродромите. Законот значи и воведување вонредна состојба.