Шпанија
Разбиени две ќелии на исламска држава во Шпанија
15.02.2022 09:35
Полицијата во соработка со центарот за борба против тероризмот на Европол, спроведе акција против џихадистите.

Шпанската полиција уапси петмина милитантни исламисти, осомничени за финансирање терористички организации и регрутирање борци за џихадисти.
Полицијата во соработка со центарот за борба против тероризмот на Европол, спроведе акција против џихадистите, меѓу кои и оние кои оперираат преку интернет.
