МВР

207 сообраќајни прекршоци во Скопје, 46 за брзо возење

15.02.2022 09:48

На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 38 санкции за недавање првенство на пешаци, 20 мерки за возење без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден одолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 38 санкции за недавање првенство на пешаци, 20 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила, 53 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.