Решени 1.000 барања од граѓани преку адресата [email protected]
На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.142 барања, од кои решени се дури 1.000- информираат од Град Скопје. Во текот на изминатата недела најголемиот број граѓани на овој мејл побарале да се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, пријавиле диви депонии и проблеми со улични кучиња, а се интересирале и за процедурите за сечење стари и суви дрвја.
На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.
Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани.
Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени, стои во соопштението.
