Ковид-19

ИЈЗ: Се намалува бројот на заразени

15.02.2022 11:40

Според анализата на Институтот за јавно здравје, во периодот од 7-ми до 13-ти февруари, бројот на новозаразени е за 13,4 насто во однос на минатата недела...

Опаѓа бројот на заразени и на починати од Ковид-19. Според анализата на институтот за јавно здравје, во периодот од 7-ми до 13 февруари, бројот на новозаразени е за 13,4 насто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.

Минатата недела биле пријавени илјада 236 реинфекции, од кои 6 се втори, со намалување за 7,8 проценти во однос на претходната недела. Пријавени се 124 смртни случаи или за 32,6 насто помалку. Најголем број од починатите биле на возраст над 60 години.