Македонија

ДИК ги почна подготовките за локалните избори во Маврово и Ростуше и Центар Жупа

15.02.2022 11:42

На денешната седница на Државната изборна комисија утврдена потребата од формирање помошни тела за спроведување на изборите кои ќе се одржат на 17-ти април...

На 17-ти април ќе се одржи првиот круг од локалните избори во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, откако истите беа распишани од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери на 4-ти февруари.

„Пристапивме кон сите неопходни акти и припремни дејствија како за сите избори според Изборниот законик. Веќе се започнати одредени дејствија. Во неделата почна собирањето потписи за кандидатите. На 19-ти почнува увидот во избирачкиот список и сите дејствија според роковникот кој е објавен на страната на ДИК“, изјави Борис Кондарко од ДИК.

На денешната седница на Државната изборна комисија утврдена потребата од формирање помошни тела за спроведување на изборите за градоначалници во овие општини.