МВР: Кривични пријави за загрозување на животната средина и природата со отпад
15.02.2022 11:58
Полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово...

На четири локации во Струмица полицијата констатирала нерегистрирани откупни пунктови на секундарни суровини, соопшти МВР. Полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово.
По целосно документирање на случајот против сопствениците ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик, велат од Министерството.
